Претседателот Стево Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ – Димитар Ковачевски, информираа денеска од претседателскиот Кабинет.
Минатата недела Собранието ја констатираше оставката на сега веќе екс-премиерот Зоран Заев, па започна да тече рокот од 10 дена во кој Претседателот треба да го довери мандатот за формирање нова Влада.
ЦОна СДСМ синоќа на седница го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер, а формирањето на новата Влада е најавено за средината на следниот месец.
За да се избере новиот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник во Собранието.
Актуелното парламентарно мнозинство го сочинуваат СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА и тоа има 64 пратеници.