Јакимовски: Мора да има одговорност за досегашното лошо менаџирање на ЈСП

„ЈСП тоне во долгови со години, а вината се префрла само на градоначалничката на Град Скопје Арсовска и на раководството. Владата мора да го реши проблемот со долговите на училиштата кон превозниците, дополнително растат трошоците и цената на горивата, а услугите се исти“.

Ова го изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на тв24.

Според него, превозот во метрополата не смее да се користи само за политички популизам и да биде нефункционален, но вели мора да има одговорност за досегашното лошо менаџирање и децениско таложење на долгови.