Руски воен авион се урна врз станбена зграда во градот Јејск во Краснодарската област, во близина на југоисточната граница со Украина. Избувна огромен пламен. Најмалку двајца загинаа, а 15 се повредени.
Станбена зграда во рускиот град Јејск се запали откако авион се урна во понеделникот вечерта.
Во соопштението на руските власти се наведува дека досега се хоспитализирани 15 лица.
Падот на авионот го потврди и руското Министерство за одбрана.
Тие изјавија дека борбениот авион Су-34 паднал и дека пилотот успеал да се катапултира.
Падобранот може да се види и на една од фотографиите кои кружат на руските канали Телеграма.
На видеото од местото на настанот што го објавија медиумите „Маш“ се гледа како повеќекатната станбена зграда е зафатена во пламен, а облаците од густ црн чад се издигнуваат кон небото.
Reportedly, a military plane hit an apartment building in Yeysk, Russia pic.twitter.com/6QNT9bGt1U
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) October 17, 2022