Амбасадорот на Велика Британија во земјава положи испит по македонски јазик

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон доби сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1. Тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.

„Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура“ – вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.

Новиот британски амбасадор со видео порака на македонски јазик неодамна го честиташе 11 Октомври – Денот на народното востание.