Екс-албанскиот претседател и поранешниот премиер на нашиот ападен сосед – Сали Бериша за 8. јануари најави масовен национален протест како „единствен начин за спас на земјата“.
Тој 20. месецов протестираше против иницијативата „Отворен Балкан“ и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, но овојпат освен за спас на земјата, најави дека ќе протестира и ќе се обиде да го преземе партиското седиште.
„На 8. јануари ќе одржиме масовен национален протест кога 44.000 членови на ПД, кои потпишаа да направат историја ќе го превземат на користење објектот – седиштето на партијата. Тоа ќе биде потврда за нашата моќ за спас на земјава и уривање на наркодржавата на чие чело е Рама“ – рече Бериша.
На 11 декември, кога беше разрешен актуелниот лидер на ПД – Љуљзим Баша, и потврдата на одлуката, на референдумот спроведен за членството на 18. декември со, според него, 44.000 гласови, повеќе од јасно е дека „Баша, кој е само пратеник, мора да го напушти партиското седиште“.
Тој пак доби безрезервна подршка од Националното собрание и го исклучи Бериша од сите партиски структури.
Приврзаниците на Бериша двапати се обидоа насилно да влезат, еднаш успешно, се задржаа кусо и заминаа.