Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека „се подготвува уште една бура“ поради новиот сој на коронавирусот – Омикрон низ Европа.
„Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО“ – изјави регионалниот директор на ОН – Ханс Клуге.
Тој смета дека многу прашања остануваат неодговорени, но веќе е познато дека варијантата стана доминантен вид во неколку земји, вклучително и Данска, Португалија и Британија, „каде што заразените со него се удвојуваат за еден и пол до три дена со невидени брзини на пренос“.
Клуге смета дека во следните неколку недели новиот сој ќе стане доминантен во повеќе земји во Европа, со што ќе се изврши притисок врз веќе погодените здравствени системи до крајна точка.