Претседателот на Стопанската комора за енергетика – Ѓорѓи Манасков и неговиот сопатник се добри, но експлодираше и целосно изгоре возилото во кое тој се превезувал, соопштија на Фејсбук од Стопанската комора за енергетика на Македонија.
Манасков, според информациите, се возел во автомобилот со сопатник, на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север.
„Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но не успеаа да го изгаснат возилото „мерцедес ц200“ црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“ – соопштија од Комората.
Повеќе детали се очекуваат денеска од МВР.