Тој додава дека денеска, 31 година подоцна, ја гледа Македонија како составен дел од евроатлантското семејство, а неодамнешните обврски за поддршка на Украина само го докажуваат овој факт, особено кога се појавува дестабилизација на светскиот поредок.
„Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа е огромен успех, бидете горди на вашите достигнувања и продолжете да се стремите кон нови. Среќен ден на независноста“, додава Ќучук.
Илхан Ќучук со делегацијата е во дводневна посета во земјава, вечерва ќе присуствува на одбележувањето на празникот кое е предвидено да се одржи на платото кај паркот „Ибни Пајко” на кое свечено обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.
Утре европратеникот ќе биде дел од конференцијата „БГМК2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво” која ќе се одржи на АУЕ-ФОН и ќе биде прогласен за почесен доктор на науки.