Песков: Европа треба да ја притисне Украина да престане да го бомбардира Запорожје

Русија е подготвена да соработува со МААЕ во врска со мисијата во нуклеарната централа Запорожје, уверува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија е „заинтересирана“ за мисијата.

Тој исто така смета дека сите земји треба да извршат притисок врз Украина за Киев да престане да ја бомбардира нуклеарната централа Запорожје и да ја загрозува безбедноста на Европа.

Песков им рече на новинарите дека „притисокот од украинската страна може да ја намали воената тензија за (Украина) да престане да ја бомбардира оваа и соседната територија“.