Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Прага побара реформи во ЕУ и посочи дека проширувањето е во интерес на Унијата.
Во говорот на Универзитетот во Прага, Шолц јасно се изјасни за проширување на ЕУ и рече дека земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и во иднина Грузија припаѓаат на ЕУ.
„Тоа проширување е во интерес на ЕУ. Деновиве прашањето е каде ќе биде идната линија на поделба меѓу слободната Европа и нео-империјалната автократија“ – рече тој.
Во говорот „Европа е нашата иднина“, Шолц се залагаше за сеопфатни реформи на ЕУ, нагласувајќи дека е потребно донесување одлуки од страна на мнозинството, посилна соработка во одбраната и казни за кршење на владеењето на правото, се со цел да се подготви за прием. на нови членови.
Тој смета дека ЕУ треба да носи одлуки за надворешната и даночната политика врз основа на мнозинско гласање.