Западните земји ја заменија дипломатијата со политика на санкции, на што се противи Движењето на неврзаните, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Западот живее само со санкции. Всушност, со санкции Западот го замени нешто што порано се нарекуваше дипломатија“, рече Лавров за ТВ каналот „Ѕвезда“.
Тој потсети на една од последните иницијативи на Движењето на неврзаните, која укажува на недозволивоста на едностраните санкции во меѓународната пракса.