Бројот на загинатите во синоќешната несреќа, која се случи кога камион влета во толпа луѓе во холандскиот град Нив Бејланд, се искачи на 6.
Повредени се вкупно осум лица, меѓу кои и еден кој е во критична состојба.
Според медиумите, повеќето од загинатите се од Нов Зеланд.
Во несреќата животот го загубија тројца мажи на возраст од 41, 50, 62 години и три жени на возраст од 28, 32 и 75 години.
Тројца загинати лица од исто семејство. Станува збор за мајка, син и снаа која била во осмиот месец од бременоста.
„Видовме нозе под камионот. Овие слики ќе останат во нашите сеќавања засекогаш. Сите беа во паника, сите се обидуваа да помогнат. Итната помош беше зафатена, но имаше многу повредени“ – изјави еден од сведоците на трагедијата.
Камионот го управувал 46-годишен Шпанец кој не бил под дејство на алкохол, не бил повреден и по несреќата бил пренесен во блиската полициска станица.
Засега нема информации дали се работи за несреќен случај.
🔴HOLLAND :#VIDEO FATAL ACCIDENT NEAR ROTTERDAM!
TRUCK CRASHES INTO NEIGHBORHOOD PARTY!At least 3 dead, others injured.#BreakingNews #Rotterdam #Accident #Accidente pic.twitter.com/UCSFS6WAKf
— loveworld (@LoveWorld_Peopl) August 27, 2022