Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека земјата успеала да го извлече најдоброто од договорот со Косово за решавање на актуелната криза меѓу двете земји, пренесуваат српските медиуми. Тој го обвини премиерот на Косово дека со своите последни изјави поттикнува нови конфликти.
„Албин Курти денеска изјави дека очекува до октомври да нема повеќе неважечки регистарски таблички на Косово. Тоа значи дека сака конфликти и постојани проблеми. Имаат договор за слободно движење кој се занимава со таблички, но тоа е поинаку. Ќе се бориме и ќе ја заштитиме страната на нашиот народ. Наше е да ја заштитиме нашата позиција“ – вели Вучиќ.
Тој рече дека договорот според кој Србија го укинува издавањето на документи за излез за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти, е само вербален.