
Тинејџер денеска околу пладне починал во морето во популарното грчко одморалиште Неа Флогита. Според извештаите, тинејџерот бил извлечен од водата во несвест и набргу бил прогласен за мртов.
Како што објавија грчките медиуми, роднина на тинејџерот наводно видела дека тој е со лицето надолу во водата, но прво помислила дека се шегува. По неколку секунди му пришла и сфатила дека не се движи. Го свртела и видела дека од неговата уста излегува пена.
Малолетникот веднаш бил изваден од морето и извесно време се правело обид за реанимација. За неколку минути на местото на настанот пристигнала брза помош која го однела младиот човек во Здравствениот дом во Мудања. За жал, спас немало.
На плажата имало спасител, но неговите обиди да го спаси тинејџерот биле неуспешни.
Се уште не е познато од која земја е момчето.