Брнабиќ: Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ ќе бидат во новата влада

Ана Брнабиќ – мандатарката за состав на нова влада во Србија денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември. Таа за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во новата влада, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.

„Од моментот кога ќе ја добиете довербата и ќе бидете назначени за мандатар до моментот кога ќе бидете премиер, има многу работа и многу предизвици. Треба да се завршат и преговорите со коалициските партнери“ – рече Брнабиќ.

Според неа, најважно во иднина е Србија да има единство, посветеност и сила.