(Видео) Во Индија урнати се облакодери високи 103 метри

Во контролирана експлозија во близина на Делхи, Индија се урнаа два облакодери високи 103 метри, што претставуваа највисоките згради што некогаш се срушиле во таа азиска земја.

Двата облакодери од 30 ката се урнати по налог на Врховниот суд бидејќи биле прекршени правилата за градење кули.

Индиските власти во саботата евакуираа илјадници луѓе од зградите познати како Апекс и Цејане, лоцирани во густо населена населба во градот Ноида.

Официјалните лица рекоа дека за време на уривањето на облакодерот биле употребени над 3.700 килограми експлозив, а на луѓето што живееле во близина им било кажано да ги напуштат своите домови и да се вратат по завршувањето на рушењето.

Нелегалната изградба на згради во Индија е широко распространета, но уривањето на згради ретко се случува во земјата.