Лукаревска е оптимист дека уставните измени може да поминат

„Има многу прогресивни сили коишто сакаат да одат напред и затоа сум оптимист дека може да поминат уставните измени“.

Ова меѓудругото во интервју за „Радио Слободна Европа“ го изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик-претседател на СДСМ

Таа очекува пратениците кои и мислат добро на државата дека ќе гласаат за тие уставни измени.

„Јас очекувам дека секој оној што размислува ЕУ – перспективно, кој што размислува добро за државата ќе гласа за тие уставни измени“ рече Лукаревска.

За најавеното оданочување на договорите на дело, Лукаревска истакна дека по ова прашање има поделени мислења, меѓутоа, оваа реформа, која е камен на сопнување, не значи 100% нејзино имплементирање.

„Ние во моментов, во рамки на УЈП, правиме соодветна анализа, да видиме колку имаме такви случаи на договори на дело, и во приватниот, и во јавниот сектор, колку тоа ќе знали соодветни дополнителни приходи, затоа што таму можеме пензионер кој некаде работи по договор на дело, во тој случај ќе имаме два пати придонеси. Има таму некои „небулози“, дилеми, за кои понатаму ќе се разговара. Ова не е конечното решение“ – вели Лукаревска.