Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска беше во работна посета на Албанија, каде се сретна со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.
„Во посета на месноста Голо Брдо во Албанија, на средба со Македонците од овој крај
-Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка
-Имаме одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за Македонското национално малцинство во Албанија
-Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо“ – напиша Османи на Фејсбук.