Тројца холандски командоси кои тренирале за борба против тероризмот се ранети пред хотел во Индијанаполис. Еден од ранетите е во критична состојба, јавува „Ројтерс“.
Локалната полиција го истражува инцидентот, а засега нема уапсени.
Командосите, наводно, припаѓале на антитерористичката чета командоси 108 и биле вклучени во расправија пред пукањето.
„Пукањето се случило пред хотелот во кој се сместени командосите. Инцидентот се случил за време на слободното време на војската“ – изјавил портпаролот на холандското Министерство за одбрана.