Тригодишник починал во болница, си играл со огнено оружје

Тригодишно момче во американската сојузна држава Флорида случајно се застрелало со огнено оружје, по што починало, јавува NBC News.

Оружјето не било заклучено, а полицијата не прецизирала за каков тип на огнено оружје се работи.

Се се случило во средата попладне. Прелиминарната истрага утврдила дека детето, кое не е идентификувано, си играло со огнено оружје кога тоа пукнало и го повредило. Детето починало во болница.

На се’ сведочеле уште двајца малолетници, велат од полицијата.

Детективот Џон Пандак изјавил за локалната станица WGFL дека во домот имало возрасно лице, но тоа не е родител на детето.

Родителите на момчето не биле присутни во куќата кога се случило пукањето.