Казнети се 238 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции.

Изречени се и 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум за некористење на сигурносен појас, 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 за нерегистрирани возила, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат.