„Со денови молк од Христијан Мицкоски за резултатот од вонредните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл“ велат од СДСМ.
„Зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, драстичниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски. Ниту збор од Мицкоски за тоа што со разлика од 1.300 гласа беше поразен нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата“ велат од владејачката партија.
Оттаму посочуваат дека „ниту збор од Мицкоски за тоа што не успеа да ги блокира изборите во Центар Жупа и победи кандидат на коалицијата предводена од СДСМ“.
„Двојната победа на СДСМ и коалицијата во Центар Жупа и Маврово Ростуше и значителниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во Тетово покажаа дека граѓаните не сакаат деструкции и блокади, туку напредок, развој, европска држава и европски вредности. Затоа е молкот на Мицкоски“, се вели во соопштението.