Ема Еглер (18), бруцош на Универзитетот во Западна Флорида во Пенсакола, беше погодена од гром на нејзиниот прв ден на кампусот. Оваа девојка преживеала и решила да раскаже што и се случило.
Еглер одела на предавања на првиот ден од факултетот кога ја удрил гром и останала во несвест, пренесува „al.com“.
„Кошулата ми беше целосно скината, поради ударот на гром таа се испржи“ додаде Ема.
Како што рекла, успеала да го соблече ранецот, но воопшто не ги чувствувала нозете и додала дека се исплашила дека е парализирана. Била однесена во болницата.
Громот и поминал низ градите, опасно блиску до срцето, а таа се здобила со изгореници на градите и стомакот, како и на рацете. Громот излегол преку левото стапало и оставил дупки на чорапите и патиките, пренесуваат американските медиуми. Сепак, и се вратило чувството во нозете.
Ема планира да се врати на часови следната недела. Лекарите рекле дека имала среќа што громот не и го запрел срцето.