Полицијата во Задар кривично пријави 28-годишен државјанин на Србија за убиство на 38-годишен Црногорец пред ноќен клуб во Паг.
Уапсениот Душко Танасковиќ, кој според неофицијални информации е осомничен за убиството на Горан Влаовиќ, се очекува да биде сослушан во обвинителството, а потоа и сослушување кај истражниот судија кој ќе одлучува за мерка притвор.
Утрото бил донесен во Задар, а низ градот обезбедувањето било на највисоко ниво.
Танасковиќ, според неговиот адвокат, досега се бранел со молчење без да ги открие мотивите и околностите на злосторството.
Според медиумите, ова е пресметка на два од најбруталните балкански нарко клана од Црна Гора – Шкаљар и Кавач.
„Јутарњи лист“ наведува дека Танасковиќ на полицијата и рекол дека црногорската полиција трага по него бидејќи се сомнева дека му помагал на егзекуторот на познатиот „криминалец“ Милиќ Миња Шаковиќ, кој беше убиен во средината на јуни во Будва.
Тој кажа и дека веќе бил во затвор и дека има психички проблеми.
Од полицијата велат дека тој бил уапсен во четвртокот околу 6 часот пред ноќниот клуб на плажата Катарелац во Колањски Гајец, со умисла криминална намера и облечен за да го прикрие идентитетот, чекал и одзади му пришол на 38-годишникот.
Потоа од непосредна близина испукал еден истрел од пиштол кон својата жртва, а потоа побегнал од местото на злосторството.
Од полицијата велат дека со брза и координирана акција, осомничениот бил спречен да избега и за краток период бил донесен во службените простории. На местото на злосторството следела истрага во која се собрани бројни докази, а пронајден е и пиштолот на убиецот.
За убиениот Влаовиќ медиумите објавија дека тој ја напуштал Црна Гора само еднаш годишно поради страв од ликвидација и дека секогаш имал телохранител со себе.