Властите во Латвија денеска урнаа споменик од советската ера во Рига, во согласност со законот донесен по руската инвазија на Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.
Споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на градежна механизација.
Секоја година илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година.
Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
Споменикот во Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Латвија и Руската Федерација.
Latvia has toppled a monument commemorating the Soviet Union's victory over Nazi Germany which occupied the Baltic States in World War Two.
More here: https://t.co/jGSPxO776J pic.twitter.com/WLOAbUfVNr
— Sky News (@SkyNews) August 26, 2022