Папата Франциск побара од властите во Пјонгјанг да го поканат да ја посети Северна Кореја, додавајќи дека нема да ја пропушти можноста да ја посети таа земја и да работи за мир.
„Кога ќе ми се јават – т.е. ве молам јавете ми се – нема да кажам не“, изјави папата Франциско за јужнокорејската државна телевизија КБС.
„ Целта е едноставно братство“, додаде тој.
Врските меѓу Северна и Јужна Кореја се на најниско ниво откако Сеул во мај го инаугурираше новиот претседател Јун Сук-Јол.
Јун ѝ понуди помош на Северна Кореја во замена за денуклеаризација, но режимот на Ким се потсмевна на планот.
Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја за избувнувањето на Ковид-19 во мај, а претходно во август се закани дека ќе ги „збрише“ властите во Сеул како одмазда.