Ковачевски: Поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно

Кризната состојба се носи за да се предвидат мерки и активности, за полесно, побезболно и со помалку пари, се справиме со енергетската криза која што претстои со грејната сезона. Сметам дека одлуката е правилна, сега е потребна, да се подготвивме, колку што можеме за да ги примиме сите енергетски удари, во делот на цените и недостатоците на електрична енергија, изјави вечерва директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски, во гостување на телевизија Канал 5, рече дека рестрикциите не се опција, како и дека не сака да шпекулира со бројки, но дека поскпувањето на струјата од јануари за граѓаните ќе биде најниско што е можно.

– Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ги завршуваат работите, изјави Ковачевски.