Премиерот на Албанија, Еди Рама од европскиот форум во Австрија испрати критика до Европската Унија – за состојбата со прием на нови членки, негрижата за обезбедување вакцини против коронавирусот за Западен Балкан и недавањето визна либерализација за Косово.
„Земја-членка на НАТО, Бугарија, среде војна, зема во заложништво две други земји-членки на НАТО. Зошто? За некои историски прашања. Европската Унија се претвора во катедра на немоќни држави“ – посочи Рама.
Според него, за време на пандемијата со коронавирусот, Европската Унија ги заборавила шесте земји од Западен Балкан и Кина, Русија и Турција се тие коишто спасиле животи на луѓето во Западен Балкан. Рама напомена дека без помошта на претседателот на Турција, немало да има вакцини во Албанија.
Во однос на визната либерализација за Косово тој рекол дека „кога Косово беше под режимот на Милошевиќ, слободно се движеше во ЕУ, а денес кога е ослободено е во заложништво од ЕУ“.