Луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и Министерството за внатрешни работи“ пишува на Твитер адвокатот, Александар Тортевски.
„Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не презема ништо, а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР“ – пишува Тортевски.
Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не превзема ништо а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) August 24, 2022
Обвинителката Русковска е суспендирана поради пропусти коишто ги констатираше Јавниот обвинител, а потоа ги потврди и Советот на јавните обвинители при претресот во Финансиската полиција.
При поднесувањето на жалбата за нејзината суспензија на прашањето кој стои зад нејзината суспензија, таа кажа дека не е актуелната влада, но дека можно е тоа да била претходна влада.