„Поради лошото менаџирање на државата од страна на СДСМ и ДУИ, граѓаните се соочуваат со здравствена, економска и енергетска криза. Затоа, ги повикуваме пратениците кои уште ја разгледуваат можноста кон спојување со овој „брод што тоне“, да размислат мудро и да се повлечат од таквите авантури. Повикуваме на формирање на експертска влада, со цел побрзо распишување на предвремени парламентарни избори“.
Ова денеска го изјави Елми Азири од Алијанса за Албанците.
Тој исто така го поддржа предлогот на лидерот на СДСМ – Христијан Мицкоски, Африм Гаши да биде новиот мандатар.
„Што се однесува до предлогот на Мицкоски, претпоставувам дека Мицкоски кај Африм Гаши гледа капацитет за справување со сите кризи што се случуваат во земјава, но и со решавање на евроинтеграцискиот процес. Ние го поддржуваме тој предлог, рече Азири.
Повика на рушење на актуелната Влада, и предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече, Европскиот совет повторно не даде зелено светло за отворање на проговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ.
„Денес, поради лошото менаџирање на овој режим, граѓаните се соочуваат со многубројни кризи, здравствени, економски, енергетски. На сите овие кризи заедничка им е корупцијата на режимот СДСМ и ДУИ, со што станавме една од најкорумпираните земји во светот. Она што уште повеќе загрижува е тоа што нивната корумпираност не им наштетува само на џебовите на граѓаните, туку корупцијата почнала да ги чини граѓаните со живот“ – додаде Азири.