Петков: Историјата е важна во односите на Бугарија со С. Македонија, но не е единствена тема

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Брисел по средбата со претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен рече дека Софија треба да ја надгради својата позиција кон Скопје со работни групи, што не треба да биде политички чин, туку реален.

„Историјата е важна, но не може да биде единствена тема во билатералните односи. Интересот на Бугарија мора да се заштити, но и да се надгради. Треба да разговараме за инфраструктурата – железничката пруга од Софија со Скопје мора конечно да се случи. Во економска смисла – добро е што македонските бизниси можат да продаваат на бугарскиот пазар и, соодветно, бугарските бизниси да бидат на македонскиот пазар, изјави Петков.

Кирил Петков рече дека сака да се сретне со идниот премиер на Македонија по неговата инаугурација.