Мицкоски бара Гаши да е нов премиер, од Алтернатива велат: Партијата е дел од еден друг процес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција изјави дека на ДУИ им предлага да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива – Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ – Димитар Ковечевски.

Тој ја повика и опозицијата на Албанците да го поддржи ваквиот предлог за премиер Албанец.

Предлогот на Мицкоски за Алтернатива е неприфатлив од причина што партијата е дел од еден друг процес.

„Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго“ – изјавија од Алтернатива за државната МИА.