Ламборџини ги продаде сите автомобили до 2024 година

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ламборџини веќе го продаде целото производство до почетокот на 2024 година, изјави директорот на компанијата Стефан Винкелман за АФП.

Подружницата на Фолксваген има голема побарувачка и нарачки во следните 18 месеци, рече Винкелман. Богатите купувачи ги купуваат овие луксузни автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина.

„Се повеќе се купуваат Ламборџини. Луѓето имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, како имаат високи перформанси“, потенцира Винкелман.

Глобалната економија само треба да остане малку стабилна за да продолжи вака, додаде тој.

Долгото чекање на болидите е последица на недостигот на делови, особено на чиповите кои се потребни за новите електрични модели.

Lamborghini планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024 година, а првото целосно електрично Lamborghini во втората половина на деценијата.

„Тоа е многу за само две години, а ние работиме колку што можеме, најбрзо што можеме за да бидеме во тек со вестите и работите да се одвиваат на позитивен начин“, рече Винкелман.

На почетокот на август Lamborghini објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит.

Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.