
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е неопходно да се продолжи со пружањето помош за Украина, но дека ќе биде тешко и дека Европа ќе ја плати цената за поддршката на Киев.
„Она што го гледаме е поддршка без преседан од европските сојузници во НАТО, Германија, Канада, САД и многу други земји ширум светот. Учествував на форумот на Кримската платформа на претседателот на Украина Володимир Зеленски и пораката што ја испратија сите лидери е јасна: стоиме зад Украина и ќе ја поддржуваме таа земја се додека е потребно. Тоа е пораката на сојузниците во НАТО“ – изјави Столтенберг.
Генералниот секретар на Алијансата предупреди дека следната зима ќе биде тешка.
„Ќе платиме цена за нашата поддршка за Украина како резултат на санкциите. Русија, се разбира, ја користи енергијата како оружје. Но, мораме да разбереме дека нема алтернатива за нашата поддршка“, рече Столтенберг.