„Крим треба да и биде вратен на Украина“ смета претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Тој ова го кажа во видеопорака испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“.
„Ние не ја признаваме анексија од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто така услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност“ – истакна Ердоган.
Тој, на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се осврна на гаранциите за безбедноста и благосостојбата на кримските Татари.
„Кримските Татари се еден од домородните народи на Крим. Тие страдаа од настаните. Обезбедувањето на нивната безбедност и благосостојба е меѓу приоритетите на Турција. Во овој поглед, сакам да потсетам дека Турција очекува да бидат ослободени и што е можно поскоро и да се вратат кај семејствата заменик-претседателот на Националното собрание Нариман Џелал и неговите соборци, кои беа приведени поради нивното учество на првиот Самит на Кримската платформа“ – посочи Ердоган.