Милиони евра од Венецуела под санкции се слевале во Македонија преку Еуростандард
Од Венецуела, чии функционери со години се под финансиски санкции, во 2019-та во Македонија пристигнале 110 милиони евра.
Биле уплаќани преку нерезидентна сметка во Еуростандард банка. Првите трансакции почнале да стигаат на почетокот на 2019-та кога во Венецуела имаше долги и крвави протести против автократскиот режим на Мадуро.
На венецуелскиот диктатор и на неговите соработници им беа наметнати дополнителни финансиски санкции, но тие ги пробиваат преку повеќе балкански држави меѓу кои и Македонија. Банката за влез на парите е Еуростандард, а по трансакциите на милионите, финансиското разузнавање е алармирано и почнува постапка.
Истото се случува и во соседните држави. Во 2019-та беа откриени повеќе сметки на политичари од Венецуела кои префрлиле пари во швајцарски банки преку трети земји. Засега нема податок дали и „македонските“ пари стигнати од Каракас се траснферирале во Швајцарија.
Делот за парите стои и во извештајот кој го презентираше вчера Трифун Костовски и група експерти меѓу кои и словенецот Драго Кос.