Владата со нова одлука – Разрешен државниот правобранител Фехми Стафа

Владата го разрешила државниот правобранител Фехми Стафа, неофицијално дознава Алсат. Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година.

Одлуката била донесена на денешната владина седница. На истата, бил избран и наследник на Арафат Муареми, на позицијата директор на Управата за финансиска полиција.

Муареми се повлече пред да му истече мандатот како вршител на должноста за, како што истакна, да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот на постапката која против него и Управата ја поведе обвинителката Вилма Русковска.

Инаку, токму досегашниот правобранител Стафа претходно поднесе пријава против Муареми, но и обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, за постапката за конфискацијата на имотот на Трансмет од случајот „Труст“. Во меѓувреме и Управата за финансиска полиција отворила предмет за државниот правобранител Стафа.