Еврото падна под еден долар

Вредноста на доларот во однос на останатите влијателни валути утрово дополнително се зголеми и се приближи на највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,23 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 137,40 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на најниските нивоа во последните 20 години, под нивото од еден долар. Курсот на еврото во моментов е околу 0,9940 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0027 долари.

Притисокот врз еврото е последица на стравувањата на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе западне во рецесија поради енергетската криза, додека Европската централна банка треба повторно да ги зголеми каматните стапки поради високата рецесија.