Од ноќеска поскапуваат горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,065%, кај дизелот зголемување во просек за 2,069%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,971% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,557.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг.

Од 23.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,485%.