Претседателот на Русија, Владимир Путин, во видео обраќањето во чест на Денот на националното знаме на Русија, истакна дека земјата секогаш ќе ги следи традиционалните вредности и ќе спроведува политика што одговара на изворните интереси на земјата.
Тој додаде дека е убеден дека националното знаме на Русија секогаш ќе биде свет симбол за сите генерации во Русија, дека ќе ги инспирира за воени подвизи, за достигнувања во бизнисот, освојување нови височини во науката, културата и спортот и ќе предизвика чувство на гордост.
„Русија е моќна и независна земја во светот. Одлучни сме дека на меѓународната сцена ќе ја спроведуваме само онаа политика што одговара на изворните интереси на земјата“ рече рускиот претседател.
#Putin congratulated the #Russians on the National Flag Day:
The national flag symbolizes loyalty to our traditional values, from which we will never deviate: pic.twitter.com/GhusSAc9FH
— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) August 22, 2022
Во своето видео обраќање Путин подвлече дека од 1 септември училишната недела во сите руски училишта ќе започне со свечена церемонија на подигање на знамето и националната химна.