Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен доживеаа благ потрес на мозокот за време на прошетка во парк на природата, објави официјалниот профил на претседателот на Твитер.
Тој се лизнал вчера попладне во австрискиот планински природен парк Каунеграт и се здобил со полесен потрес на мозокот и гребаници.
Неговото обезбедување од специјалната полициска единица Кобра го однело во најблиската болница.
Ван дер Белен превентивно ја минал ноќта во болница, следејќи ги советите на лекарот и го откажа учеството на Европскиот форум Алпбах за денеска и утре, пренесуваат медиумите.