Дете од Куманово е повредено од струен удар на железничка станица

Дете од Куманово се здобило со изгореници по струен удар на железничката станица. Настанот вчера околу 17 часот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во денешниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи стои дека детето се здобило со изгореници при струен удар. Било пренесено во кумановската болница каде по укажаната помош било префрлено на скопските клиники.

„Денеска во 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Железничка станица во Куманово малолетно лице се здобило со повреди од струен удар. Увидот е уште во тек“, соопштија вчера од СВР Куманово.