Во Туција лидерите на 6 опозициски партии ќе номинираат заеднички кандидат за претседателските избори, беше наведено во заедничката декларација, која беше објавена по средбата на лидерите одржана доцна синоќа, пренесе БТА.
Опозициските лидери за првпат јавно објавија дека ќе постават заедничка кандидатура за претседателската функција против актуелниот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, кој е единствениот кандидат на Републиканската алијанса.
Во претходните изјави, прашањето за претседателската кандидатура постојано се заобиколуваше.