Околу две третини од Германците не се задоволни од работата на германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата влада, велат анкетите.
Дури 62% од испитаниците во истражувањето на маркетинг агенцијата „Инса“ за неделното издание на весникот „Билд“ му дале негативна оценка на Шолц.
Во март годинава незадоволство од работата на канцеларот искажаа 46% од испитаниците.
Само една четвртина од Германците се со став дека тој добро си ја врши работата.
Социјалдемократите на Шолц, водечката партија на владејачката коалиција, се поддржани од само 19 отсто од граѓаните, значително помалку од опозициските конзервативци, но и од партнерите на СПД, Зелените.