Братот на монструмот од Цетиње: Да знаев дека е роден за вакво злосторство, мојата рака ќе му пресудеше

Бошко Бориловиќ, братот на Вук Бориловиќ, кој започна страшен масакр во Цетиње убивајќи 10 и рани шест лица, се обрати до редакцијата на РТВ Цетиње со барање неговото писмо да биде објавено.

„Би сакал да изразам сочувство до семејствата и соседите на жртвите, а не знам како. Сите беа добри и чесни луѓе и знам дека ниту еден мој збор не може да им ја олесни тагата и маката на нивните најблиски. Жал ми е што јас и моето семејство не сме на местото на нивните најблиски, за да не мора да ги поднесуваат овие маки и страдања“ наведува Бошко Бориловиќ во писмото.

Како што вели, цел живот се борел за некаков животен мир и среќа за сите, но, како што се испоставува, веќе ги немаат, ниту пак некогаш ќе ги имаат, ниту пак оние што ги загубија своите најблиски кои настрадаа.

„Доколку влакно на мојата глава помисли во мојот живот дека е роден за вакво злосторство, мојата рака би му судела. Не му го знам гробот, ниту сакам да знам, бидејќи нема ниту еден збор за оправдување или утеха за делото што го направил. Само не сакам никој да ја доживее судбината на нивните семејства и мојата, која сега е безначајна и уништена“ заклучува тој во писмото.

Вук Бориловиќ (34) на 12 август во крвав пир во Цетиње уби 10 лица и рани уште шест граѓани, меѓу жртвите има и две деца.