В.д премиерот на Бугарија во изолација, имал контакт со ковид позитивен
Гулаб Донев – в.д. премиерот на Бугарија, Гулаб Донев, се самоизолирал бидејќи бил во контакт со лице заболено од коронавирус, соопштија од бугарската Влада.
Бугарскиот в.д. премиер, според информациите на бугарските медиуми, се чувствува добро и продолжува да работи од далечина. Од владата соопштуваат дека тој е во постојан контакт со членовите на Владата на земјата.