Калин Ивановски со прв трофеј во кариерата

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски (18) го освои првиот трофеј во војата кариера откако триумфираше на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис.

Ивановски во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со пресврт и 1-2 (6-4, 4-6, 1-6).

На патот до финалето Ивановски ги исфрлаше Делаведова од Австралија (2-0), Вилослада од Франција (2-0), Неделчев од Бугарија (2-1) и Вандермерш од Франција (2-1), за во финалето да го надигра и Кијаметовиќ.

За Ивановски ова беше првиот трофеј во професионалната кариера, бидејќи до пред неколку месеци се натпреваруваше во јуниорска конкуренција.

18-годишникот се наоѓа на 1.074 место на АТП ранкингот.