Центар Жупа и Маврово-Ростуше добија градоначалници по вчерашните избори во овие општини.
Во Центар-Жупа, по два неуспешни гласања, беше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело, со што Аријан Ибрам е избран за градоначалник. Ибрам беше предложен од Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) и беше единствен кандидат.
Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК), за Ибраим гласале 3.340 гласачи од вкупно 3.395 кои го оствариле правото на глас. Ова ќе му биде трет мандат на функцијата. Првпат беше избран на изборите во 2013 а реизбран во 2017 година.
Во Маврово-Ростуша, пак, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3.266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ – 1.935 гласови. Излезноста во Маврово и Ростуша е 54.24%.
Во Тетово имаше вонредни избори, ама таму граѓаните гласаа за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет. Според првичните резултати на ДИК, шест партии влегуваат во новиот општински совет.
Излезноста е 33.4 отство, а најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1 953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Според ваквите пребројувања, советниците би биле: 12 од Беса, 11 од ДУИ, 4 од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од СДСМ и Алтернатива и ДПА со по еден советник. Нема од Подобро за Тетово, граѓанската иницијатива која на редовните избори претходно беше влезена во тетовскиот Совет со двајца советници.