Еквадорските власти пронајдоа 3,5 тони кокаин во две одделни заплени на дрога, откриени во контејнери со банани наменети за испорака во Европа.
Еден од контејнерите бил наменет за испорака во Велика Британија, додека другиот требало да биде доставен до холандското пристаниште Ротердам, извести вчера тамошната полиција.
Во еден случај, властите пресретнале камион со контејнер на пристаништето Гвајакил и пронашле 92 кутии во кои имало вкупно 2.300 пакувања со еден килограм кокаин.
Во друг контејнер, кој бил пронајден во истиот регион, полицијата запленила 87 кутии во кои имало 1.218 пакувања со кокаин.
Во двата случаи на заплена на дрога, по едно лице е уапсено.