Откако го кажаа судбоносното „да“ еден на друг во Лас Вегас минатиот месец, Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се венчаа вчера на раскошна церемонија во имотот на Афлек Рајсборо во Џорџија, САД, на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.
Како што пишува Дејли Мејл, на сите гости им било наложено да носат бело, а Лопез носела венчаница на Ралф Лорен.
Иако поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер ја одби поканата за венчавката, церемонијата не ја пропуштија ниту децата на актерот со неа, а меѓу гостите беа и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги има во брак со Марк Ентони.
Мет Дејмон на венчавката пристигна со сопругата Лусијана Баросо, а на венчавката присуствуваа и некои други големи холивудски имиња како Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Зелвегер и Џими Кимел.
Џенифер објави дека се омажила за Афлек, нејзината долгогодишна љубов, еден ден по венчавката во Вегас, која се одржа на 16 јули.
„Ние успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. А љубовта се покажа како трпелива. Дваесет години трпение” – напиша Лопез.
Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на Џигли. Следната година се верија, а по извесно време одложување на свадбата, се разделија во 2004 година.
Афлек тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци. Џенифер и Афлек минатата година ја обновија својата романса, а пред еден месец се венчаа.